Ангела Ражнатовиќ, ќерката на Аркан од првиот брак, беше гостинка на свадбата на Вељко и Богдана што се одржа во неделата. Таа беше на венчавката во црква, а дојде и меѓу првите гости во хотелот „Хајат“. Во тек на вечерта најчесто беше покрај Цеца и полусестрата Анастасија, пишуваат српските медиуми кои се уште ја анализираат свадбата на деценијата.

Ангела е на семејната слика од храмот „Свети Сава“, на која се само најблиските членови на семејствата Ражнатовиќ  – Родиќ.


Српските медиуми често пишуваат дека единствено Ангела е блиска со Цеца и нејзините деца.
Останатите деца на Аркан не контактираат со нив.

Освен Анастасија и Вељко кои ги има од бракот со Цеца, Аркан има уште шест деца од првите две жени, три ќерки и три сина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.