Ариана Гранде си направила нова тетоважа на дланката со јапонски букви, но се покажало дека е направена печатна грешка. Така текстот во превод значи „јапонскa скара“, наместо „седум прстени“, како што е насловен нејзиниот нов хит, пренесоа агенциите.
Пејачката, која е веганка, објави слика на тетоважата, но брзо ја избриша откако била информирана дека текстот не значи она што таа мисли. Во твитовите кои веќе се избришани, Ариана признава дека заборавила еден хиероглиф, но појаснува дека кожата на нејзината дланка лесно се регенерира и тетоважата може да се коригира.
Видеото со новата песна е објавено во средината на јануари и веќе има над 100 милиони прегледи. Песната ја води листата синглови во САД. Следниот албум на Ариана Гранде ќе биде објавен на 8-ми февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.