Априлскиот број на италијанскиот магазин „Вог“, кој излезе на 10 април, е отпечатен со корица многу поразлична од вообичаената. Имено, првата страница на популарното светско списание, поради пандемијата на коронавирусот, е целосно бела.
Новиот „Вог“ во знак на солидарност со Италијанците, излезе со бела насловна страница. Главниот уредник на италијанското издание, Емануеле Фернети, на социјалната мрежа Инстаграм сподели дека идејата за насловната за април била сосема поинаква, но вирусот ги сменил плановите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.