Трендот кој овие денове кружи по социјалните мрежи е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години.

Она што не го знаат корисниците е следното: Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простост без вие да имате право да се противите или забранувате.

И тоа не е се. Со инсталирање и користење на апликацијата вие се согласувате вашите фотографии да останата во сопственост на апликацијата, за што нема да ви платат никаква компензацијата. Апликацијата има право да ги зачува вашите фотографии иако вие ќе ја избришете апликацијата во некој момент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.