Жители на село во Романија на локалните избори повторно го избрале стариот градоначалник иако тој починал пред две недели од ковид-19, пишува Ројтерс.
Десетина граѓани запалиле свеќи на гробот на социјалдемократот Ион Алиман откако во неделата завршиле локалните избори.Ова е твоја победа. Знам дека ќе бидеш горд на нас. Почивај во мир – рекол еден од селаните.
Алиман, според податоците на тамошната Државна изборна комисија, победил по трети пат во трката за градоначалник на селото Девесело. И тоа со 64 отсто од гласовите.
Не верувам дека повторно ќе имаме ваков градоначалник, изјавила за тамошните медиуми жителка на селото, кое брои 3.000 жители.
Алиман починал пред две недели на 57 години во болница во Букурешт, но неговото име веќе се наоѓало на гласачкото ливче и не можело да биде тргнат, како што објасниле од Изборната комисија. Од таму рекле дека во тоа село ќе се оддржат нови избори.
И покрај неговата победа, социјалдемократите ги изгубиле изборите во клучните градови. Романија, инако од почетокот на епидемијата бележи 123.000 заразени и околу 5.000 починати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.