Итно е потребна помош за семејството Ивановски од Делчево, кое со две дечиња живеат во куќа што практично се распаѓа, во која децата немаат ниту кревети, а не пак, опрема за школување.

Во апелот за помош објавен на социјалните мрежи се наведува дека што побрзо е неопходна помош за домот на семејството да се затвори со врати и прозорци и да се набави огрев за да добијат топол дом и пристоен кров над главите.

Итно е потребна помош за Ивановски и нивниот распаднат дом. Што е можно повеке да собереме материјали за внатрешно, како и надворешно уредување на куќата која се распаѓа над нивините глави.

Двете дечиња на Ивановски немаат ни кревети, ни ормари, опрема за школување (онлајн), биро и се што може да замислите. Како би делувале што е можно побрзо и да го стоплиме овој дом со затворени врати, прозорци и ѕидови, со огрев и сигурен кров над глава.

Во прилог ќе ви бидат на располагање на сите сметки, со назнака „подари насмевка – подари дом).

Подајте рака некому, Господ ќе ви врати тродупло.

Ова е најтешката зима, јадна и болна ковидна зима за сите, но за Ивановски да ја направиме да е последна.

Споделете и помагајте, насмевките на лицата нивни ќе ви ја стоплат душата и целата наша акција ќе има смисла.

Слободно може кој сака да им донира-достави храна и топла облека во меѓувреме – се вели во апелот на социјалните мрежи.

Жиро сметки:

Девизна сметка: 0270100375335; ИБАН: мк07300701003753382 свифт: KOBSMK2X

Денарска сметка: 300000004573295; Ознака: хуманитарна организација подари насмевка помош за фамилија Ивановски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.