На Лидија Ристевска, која боледува од мултиплекс склероза и е потребна финансиска помош за да може да замине во Куба каде што постои третман што ветува дека таа ќе може да ја победи страшната болест.

Да ја познаваш Лидија, ќе научиш лесно лекција за моќта на волјата, позитивната мисла, борбениот дух и истрајноста заедно. Лидија е пример како едно кревко суштество можи да се бори лавовски со сите животни предизвици носејќи ја на плеќи Мултиплекс склерозата како најголем предизвик. Како болеста напредуваше, така борбата стануваше поголема – многу лавиринти, многу препреки, многу труд, верба и неоткажување.

 

На ред е следниот голем чекор за кој како и претходно, Лидија бара ваша поддршка и помош: третманот кој ветува, треба да се направи во Куба и за тоа се потребни итно 20.000 евра. Да ги отвориме срцата и да бидиме „ветер во грбот“ на оваа прекрасна жена синоним за борбеност и истрајност и крајно, да ја видиме Лидија исправена. Од овој момент, секој издвоен денар, за неа е парче надеж по патот кој макотрпно го оди – пишува во апелот за помош, Марија Ристова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.