Илија Стамков бара финансиска помош за спас на неговата мајка, која пред девет години му го спасила нему животото со тоа што му донирала бубрег.

Како што вели Стамков во апелот за помош, мајка му боледува од малиген тумор и за нејзино лечење е потребно да се изврши хируршки зафат во Турција, што чини 26.000 евра.

Го пренесуваме неговиот апел во целост.

Мојата мајка Благица Стамкова која ми го спаси мојот живот со донирање на нејзиниот бубрег пред 9 години. Има потреба од операција која не се прави во нашата земја, тумор (малигнен) на панкреас операцијата која чини 26.000 евра би се извршила во Република Турција. Да и помогнеме сите заедно и да и го продолжиме нејзиниот живот со вртење на броевите:

👉 Телеком со телефонски повик (ѕвонење) на бројот 143-129 ;

👉 A1 (VIP) со телефонски повик (ѕвонење) на бројот 143-600 ;

Се издвојуваат 100 денари од повик

Донациска сметка NLB Banka

210 7 00000 666 235



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.