Англиската компанија „The Naked Cleaning Company“ нуди невообичаени услуги за чистење на куќи и станови, а нејзините работнички ја вршат својата работа со малку облека на себе или воопшто без облека.
Како што се наведува на интернет страницата на компанијата, постојат три опции за извршување на работата: по долна облека, топлес и екстремна варијанта – без облека.
Работничките извршуваат задачи како правосмукување и бришење прашина, а цената на чистењето е 75 евра на час ако жените кои чистат се топлес или по долна облека, или 95 евра на час во случај да ја чистат куќата голи.
Сопственичката на компанијата, Ники Белтон (33) од Кент, вели дека нејзината фирма нуди услуги ширум светот откако побарувачката се зголемила за време на пандемијата на корона вирусот.
Таа открива дека чистењето на куќата се врши на два метра од клиентите, додека услугите се договорени, но и обезбедени преку безбеден систем за резервации.
И работничките и клиентите мора да поминат низ низа проверки пред да постигнат договор.
Работата оди навистина добро, чистачките не спијат со клиентите, туку ја вршат својата работа – одговара Белтон на критиките дека работата на нејзината фирма е сведена на проституција.
Патем, и таа самата ја работи истата работа, но на работното место носи долна облека.
Таа ја вовела услугата „голо“ чистење оваа година гледајќи во тоа голем извор на заработка. Работата била запрена поради пандемијата, а по укинување на првиот карантин во Англија, побарувачката скокнала.
Клиентите се претежно мажи, а Ники вели дека тие така се борат со осаменоста предизвикана од глобалната криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.