Деветнаесетгодишната Анѓела, нејзиното момче и нејзиниот вујко загинале во сообраќајка која се случила во неделата на автопат во Германија. Лекарите се борат за животот на нејзиниот 14-годишен брат, додека 46-годишниот татко на тинејџерката е во стабилна состојба.

Семејството кое доживеало страшна трагедија живеело во село близу Лесковац. Анѓела во јули, откако завршила средно училиште во Белград, отишла во Германија, каде веќе живееле нејзините родители и помладиот брат.

Миле е роден во Германија, но дојде да живее во Србија, се до минатата година кога повторно се врати таму. Мајката на Анѓела заедно си синот отиде по сопругот, а Анџела дури во јули. Вујкото кој загина во несреќата отишол таму да работи пред неколку месеци – рекол извор близок до семејството.

Во Белград Анѓела живеела кај својата баба. Летово отишла кај родителите за да започне процедура за средување на документи, како и да најде работа.

Нејзиното момче отиде да ја изненади, да ја виде. Меѓутоа, загинаа и двајцата – додал изворот.

Како што пренеле германските медиуми, трагедијата се случила кога возачот на „форд“, во кој се наоѓале загинатите Срби, удрил во знак стоп, а потоа се одбил и удрил во автомобил „голф“, па во „пежо“. Зад воланот бил таткото на Анѓела.

Според Билд, две машки лица на возраст од 20 и 40 години загинале на лице место, а 19-годишната девојка им подлегнала на повредите во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.