Најпознатата слика насликана од некогашниот британски премиер, Винстон Черчил, е продадено на аукција во Лондон за седум милиони фунти (8,1 милион евра).
Од аукциската куќа „Кристи“, велат дека маслото на платно, што на продажба го понуди американската глумица Анџелина Џоли, се смета за „најважната слика на Винстон Черчил“.
Сликата „Кулата на џамијата Кутубија“ (1943), којашто Черчил ја насликал за време на неговата посета на Мароко во Втората светска војна, се проценуваше меѓу 1,7 и 2,8 милиони евра пред наддавањето.
Черчил му го подарил своето уметничко дело на тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт. Сликата потоа, во 1950-тите била продадена од еден од синовите на Рузвелт и оттогаш сменила неколку сопственици. Во колекцијата на холивудскиот пар Анџелина Џoли и Бред Пит е од 2011 година.
На аукцијата е продадена и друга слика на Черчил – „Пејзажот на Маракеш“, којашто достигна 1,55 милиони фунти (1,8 милиони евра).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.