Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ дефинитовно го обожува својот сопруг,екс капитенот на Германија, фудбалерот Бастијан Швајнштајгер.

Убавата Ана тоа многу често и јавно го покажува, не се срами да ги покаже своите емоции кон сопругот дури и на социјалните мрежи.

Ана и Бастијан се родители на два сина Лука и Леон со кои многу често можат да се видат и во јавноста и на социјалните мрежи. Ана денеска се огласи преку социјалните мрежи со емотивна порака во чест на Денот на татковците.

Мојот соиграч, цврсто рамо и најдобар татко. Не можев да замислам подобар пример за нашите две мали момчиња. Среќен Ден на татковците на сите кои го слават, напишала Ана под заедничката фотка со Бастијан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.