По повод Денот на планетата Земја, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ , во рамки на глобалната иницијатива, го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште.

Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина, наведоа од „Амфора“.

Имено, меѓународната нуркачка асоцијација „Scuba Schools International“, која се вклучува во вакви инцијативи одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.