Главниот метеоролог на „ABC News“, Џинџер Зи, имаше неверојатен момент за време на нејзиниот извештај за времето во живо во емисијата „Добро утро Америка“.
Среде нејзината презентација за опасност од пожар во Калифорнија, нејзиниот двегодишен син Мајлс Меклин, влезе во кадарот и на Зи и подаде хартија со многу важен цртеж на неа.
Ова не се случило долго време – извинете! Денеска нема училиште – низ смеа им вели Зи на своите гледачи, додека ја зема хартијата од нејзиниот син, по што веднаш продолжи со војот извештај.
Требаше да се преправам дека тоа се некои итни вести. Тоа ќе беше совршено – напиша Зи на Твитер. објавувајќи го и важниот цртежот што го доби од својот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.