Алпинистот Лаи Чи-ваи стана првиот човек во Хонг Конг кој со инвалидска количка се искачил на висина од 250 метри на еден облакодер.
Лаи (37), кој е парализиран од половината надолу поради сообраќајна несреќа од пред 10 години, сепак, не успеа да го достигне самиот врв на 300 метри високата кула Нин на полуостровот Ковлун, пренесува Ројтерс.
Бев прилично исплашен. Кога ќе се искачувам на планина можам да се држам за камења или помали дупки, но со стакло, единствео на што навистина може да се потпрам е јажето на кое сум закачен – вели Лаи.
Овој подвиг имаше за цел да собере донации за пациенти со болести на ‘рбетниот мозок. Собрани се 5,2 милиони хонконшки долари (670 639 американски долари)
Лаи беше познат алпинист и пред сообраќајката во 2011 година. Тој беше прогласен четири пати како шампион на Азија во искачување на карпи, а во еден момент беше осми на светот.
По несреќата, тој продолжи да се искачува прицврстувајќи ја инвалидската количка на системот за влечење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.