Повеќе од 100 полицајци и агенти на ФБИ беа вклучени во една од најпознатите антитерористички операции после терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва година. Денес двајца од учесниците во овие напади, Дритан и Ељвир Дука служат доживотна затворска казна во “ADX Supermax” затворот во Колорадо, за кој американските медиуми велат дека е „затвор од пеколот“. Овие денови, на браќата Албанци од Македонија ќе им се придружи и озлогласениот нарко бос Ел Чапо, кој исто така ќе отслужува доживотна затворска казна.

Малкумина можеле да замислат дека децата од албанско семејство кое во 80-тите живеело во нашата земја, ќе станат едни од најозлогласените терористи во САД. Откако браќата Дука беа уапсени, а ФБИ упадна во куќата на нивната мајка, тогашниот државен обвинител на Њу Џерси, Крис Кристи се обрати пред стотина новинари.

Филозофијата која поддржува и поттикнува џихад против американските државјани ширум светот, пристигна овде и живеела во Њу Џерси, заканувајќи им се на животите на нашите граѓани, а спроведувајќи ја пет лица.

Освен браќата Дука, биле приведени и нивните двајца пријатели – Мухамед Шенвер и Сердар Татар кои според зборовите на Кристи, се обиделе да изведат терористички напад на воената база „Форт Дикс“.

Семејството Дука во САД пристигнале од Дебар, а иако преку океанот требало да започнат нов живот, тогаш 28-годишниот Дритан, 26-годишниот Шаин и 23-годишниот Ељвир набрзо биле осудени за заговор против американските војници и осудени на доживотен затвор.

После неколку години живот во Бруклин, браќата се свртеле кон верата, на воодушевување на нивните родители. Но, со нападот на САД на Авганистан, многу работи се промениле, па браќата Дука станале радикални. Набрзо потоа направиле план за напад на воена база, по што биле разоткриени од американските тајни служби, уапсени, а потоа и осудени на доживотен затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.