Актерката Јана Стојановска која во јуни ќе се мажи во Белград за кошаркарот Андрија Бојиќ е бремена, објави Тв емисијата „Ексклузив“. Актерката за Женски магазин изјави дека се чувствува одлично и влегува во 12 недела од бременоста. Нејзиниот свршеник, како дете од семејство каде што има повеќе машки деца, посакува ќерка.

Андрија сака девојче, тие се тројца браќа во семејството, а има и внук од брат му. Црногорска фамилија се. Но, спротивно на тоа, ете мислам дека сите сакаат девојче. Јас, сакам и девојче и машко. Целиот живот сум посакувала девојче, но ете, од пред една година сѐ ме влече на машко“, ни изјави Јана.

Силвија е пресреќна, Ана исто“, додаде актерката за радоста на мајка ѝ на сестра ѝ, познатите актерки. Стојановска вели дека ако навистина роди ќерка, сите ќе ја чуваат како принцеза.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.