Крушевскиот актер Михајло Миленкоски (33), којшто речиси 6 години работи во прилепскиот театар преживеал вистинска драма и завршил во болницата во Прилеп со тешки повреди, само затоа што забележал дека во маркетот каде што пазарел, потрошувачите треба да носат заштитни маски. Настанот се случил неодамна, во еден од големите маркети во строгиот центар на Прилеп. Миленкоски, како што раскажува, влегол како и обично да ги купи потребните намирници, пишува Мета.

Се случи дење на пладне. Влегов да пазарам во маркет во центарот на Прилеп, му се обратив на вработениот, изреагирав, велејќи дека не е добро да оставаат луѓето што пазарат да не носат заштитна маска, со оглед на целата ситуација во која се наоѓаме со пандемијата. Момчето коешто не носеше маска, слушна дека реагирам и ми рече, „ќе видиш надвор кога ќе излезеш, ќе се разбереме“. Можеби 20 минути останав во маркетот и целосно го заборавив овој момент. Платив на каса и излегов. Надвор ме чекаше момчето. Му реков „извини, јас немам ништо со тебе, само забележав на вработените“. Заминав. Но, тој ме тргна, ме удри со бокс и јас повеќе не се сеќавам. Ми кажаа дека сум изгубил свест. Некој од луѓето викнале итна помош, ме однеле во болница. Таму се освестив. По 7 часа ме пуштија од болница, дојдоа другарите да ме земат – раскажува сè уште вознемирен актерот Миленкоски.

Целиот текст тука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.