Во борбата против короната, пакистанските власти отидоа чекор понапред. Така, владата им се закани на своите граѓани дека ќе ги исклучат услугите за мобилна телефонија на сите оние кои не се вакцинираат.
Во пакистанската провинција со најголемо население во Пенџаб, се одржал состанок на здравствените власти, со кој претседаваше министерот за здравство, Јасмин Рашид, на кој било заклучено дека вакцинацијата мора да се забрза.
Првичниот план на државата било да се вакцинираат повеќето од 67 милиони жители на Пенџаб до крајот на годината. Сепак, планот не успеал и владата успеа да вакцинира само 52.000 луѓе на ден.
Причината за ова може да биде слабата информација на Пакистанците за важноста на вакцинацијата или загриженоста за можните несакани ефекти на вакцините.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.