Често луѓето го романтизираат поимот “сродна душа”. Можеби тоа е така бидејќи романтичните филмови и романите постојано нагласуваат дека најголемата љубов на вашиот живот е ваша сродна душа.
Всушност, наоѓањето на сродна душа не претставува појава на љубовни пеперутки во стомакот и сите оние клишеа на кои сме навикнати.
Кога ќе пронајдете личност што ги прави следните работи, тогаш сте ја нашле вашата сродна душа…
1. Тој е брутално искрен
Сродната душа треба да биде критичар број еден. Тој ќе биде личност што ќе направи да сфатите дека сте погрешиле или сте направиле нешто што може да има негативни последици. Тој нема да се плаши да биде искрен со вас, едноставно бидејќи вистински се грижи и сака да го добиете само најдоброто.
2. Ве турка напред
Ве мотивира да сонувате и да ги остварите животните цели. Знае точно кој е вашиот потенцијал и ќе ви помогне да ги достигнете највисоките соништа. Кога се сомневате во себе, тој ќе ја ”рестартира” вашата верба. Можеби нема секогаш да биде вашето рамо за плачење, нема да ве спаси од давење – но дефинитивно ќе ве научи како да пливате.
3. Ве смирува
Кога ќе го видите срцето не ви чука побрзо, не чувствувате пеперутки во стомакот. Наместо тоа, чувствувате мир. Како конечно, најпосле да сте го нашле својот дом. Покрај него се чувствувате удобно, знаете точно дека можете да бидете своја кога тој е покрај вас и прави да се чувствувате прекрасно во врска со себе си.
4. Не става ”етикета” на вашата врска
Не знаете како да го наречете со име вашиот однос, но се чувствувате сосема во ред во врска со тоа. Уживате во меѓусебното друштво и тоа е доволно. Двајцата сте свесни дека нема потреба да се форсираат нештата и цврстото пријателство да биде скршено поради опшествено наметнати мислења.
5. Прави да ги прифатите своите маани
Кога гледате во него, како да гледате во сопствениот одраз, ги гледате своите слабости и сила појасно, како тој магично да ве прави посвесни. Токму тој ќе направи да посакате да се претворите во подобра верзија од себеси. Но, тоа ќе посакате да го направите за себе, а не поради него бидејќи знаете дека тој ве прифаќа токму таква и не бара да се промените.
6. Тој е посветен на својот живот
Вашата сродна душа не треба да биде покрај вас 24/7, едноставно бидејќи има и свој приватен живот. Но, покрај неговите обврски и двајцата секогаш успевате да го надокнадите изгубеното време и да го споделите вашето секојдневие.
7. Ве поттикнува да размислувате подлабоко
Вашата сродна душа е личност што сака да ги разбере подобро вашите мисли, идеи, стравови и интереси. Тој не сака да зборува за времето надвор, сака вистинска поврзаност со вас и ве предизвикува на длабоки разговори.
8. Прави да изгубите аргументи
Тој секогаш има причина позади своето мислење и прави да сфатите дека треба да го намалите нивото на вашето его, бидејќи едноставно неговите аргументи имале смисла. Затоа, вие секогаш сакате да го чуете и неговото мислење пред некоја важна одлука. Важно е да се напомене дека покрај ова, тој исто така ги почитува вашите сопствени принципи и вредности.
9. Ви помага да се соочите со стравовите
Тој ќе ве охрабри да излезете од безбедносната зона, да почувствувате нови нешта и авантури. Ќе посакате заедно да го истражите светот и ќе сфатите дека не припаѓате на едно место и треба да го живеете животот со полни гради.
10. Знаете дека не можете да го принудите да остане
Длабоко во себе, знаете точно дека не можете да го задржите со сила. Затоа, мора да прифатите дека може да се случи да не останете заедно за цел живот. Ќе биде прекрасно ако остане, но бидете подготвени ако замине. Запомнете дека самото тоа што сте го имале во животот е благослов и дека тој ве научи да сакате некој без услови и очекувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.