Tурист во Акаба во Јордан на Црвеното Море остана без стопало откако бил жртва на напад на ајкула.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како двајца мажи лебдат над водата со падобран закачен на глисер.

Во еден момент тие најверојатно застанале за да одморат, но додека биле на површината на водата, ајкула се појавила од длабочините и го фатила едниот човек за нога.

Жртвата е 37-годишен Јорданец, кој имал искинати тетиви, мускули и скршеници на неколку коски.

Повредениот турист веднаш бил пренесен во локалната болница каде му било оперирано десното стопало.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.