Малолетно момче, турист од Украина, ја загуби раката, а туристичкиот водич ја загуби ногата во редок напад на ајкула во близина на одморалиште Шарм Ел Шеик, во Египет, на Црвеното Море.
Нападот се случил викендов, кога двајца туристи, мајка и син и нивниот туристички водич, нуркале во Националниот морски парк „Рас Мохамед“ – се наведува во соопштението на египетското Министерството за животна средина.
Повредените биле пренесени во блиската болница, а првичната истрага покажала дека луѓето биле нападнати од океанска белоперка, долга два метра.
Во соопштение на украинската Државна агенција за туризам се вели дека 12-годишното дете потоа било на интензивна нега и дека лекарите со операција не успеале да му ја спасат раката.
Египетските власти, пак, соопштија дека семејниот водич ја загубил ногата, а мајката претрпела полесни повреди. О
фицијални лица ја затворија областа на Националниот парк каде што се случил нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.