Светската програма за храна (СФП), агенцијата за храна на Обединетите нации,  е добитник на Нобелова награда за мир за 2020 година.

Како што соопштија од Комитетот, добитникот ќе ја прими наградата вредна 1,1 милиони долари на 10 декември во Осло.

Оваа година во трка за оваа престижна награда беа 318 кандидати, од кои 211 поединци и 108 организации.

Ова е момент на гордост за Светската програма за храна. Оваа година ние ги надминавме повиците да одговориме на обврските затоа што СФП ја одржуваше меѓународната помош и покрај пандемиските карантини и транспорни блокади  – изјави Томсон Фири, портпарол на агенцијата на ОН, откако организацијата ја доби Нобеловата награда.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.