На 90-годишна возраст актерот Вилијам Шатнер, иконата на „Ѕвездени патеки“, вчера стана највозрасниот човек што отишол во Вселената. Капетанот Кирк мина 11 минути во ракетата на вселенската агенција „Блу oриџин“ во земјината Орбита.

Секој треба да го направи ова, беше неверојатно!, рече канадскиот глумец по враќањето на Земјата.

Официјално, не е соопштено дали Шатнер летал бесплатно или милијардерот Џеф Безос му наплатил за патувањето.

Глумецот потоа, на Твитер ја опиша Земјата како „скапоцен камен, топла, сакана, грижлива наша планета“.

Летот на „Блу oриџин“ со леталото „Њу Шепард“ вторпат однесе четири лица во орбитата. На патувањето беа и Одри Пауерс, потпретседателка на „Блу oриџин“ одговорна за операции на летовите, како и  Крис Бошвизен и Глен де Врис.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.