Малата хуманитарка од Струга Андреа Костовска (5 г. ) собра 7,912 денари од својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје.
Во вторникот Андреа продаваше „ладни сокчиња за топли срциња“ на чаршијата во Струга. Парите што таа успеа да ги собере ќе бидат уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.
Стефан Ивановиќ има потреба од сите нас, тој живее сам боледува од церебрална парализа, живее без струја бидејќи има долг од 4000€, неговата мајка починала пред скоро еден месец, не е во можност да го плати долгот и зимата може да ја дочека без струја и греење
Секој денар е добредојден за Стефан. Ако сакате и можете да му помогнете неговата сметка е: Стопанска Банка: 20002892730306 ( мкд сметка)
Iban: Mk07200003261742653 SWIFT-STOBMK2X
Стефан има потреба и од малку храна претежно сува бидејќи нема каде да готви. Кој колку може нека помогне. Стефан може да го добиете на 072/512457
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.