По 22 часа неспиени, искачени 9.600 метри надморска висина и поминати 42 км на Водно младите скопјани Ивана Јовановска и Јован Димовски успешно го завршија предизвикот Everresting Challenge. Двајцата се членови на најбројниот Планинарски клуб „I love hiking Macedonia“, а својот предизвик го започнаа во 21 часот вечерта во петокот, а го завршија во 18:30 минути наредниот ден во саботата. Дополнителен предизвик за Ивана беше што целиот пат го изоде БОСА со што им упати порака на граѓаните да се грижат за своето здравје. Еверестинг е искачување на висинска разлика од 8848 метри во местото каде што живееш и искачувањето е колку највисокиот врв на светот Еверест.
Целта на Еверестинг е побудување на свеста кај жителите на Македонија за здравиот начин на живот и можноста за спорт која ја нуди околината во надворешни услови. Целото искачување се пријавува на светско ниво во асоцијација која вади статистика и која значи кај многуте спортисти, која се споделува и размножува на порталите.
Целиот текст на Пари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.