20-годишен нуркач загина при напад од голема бела ајкула во близина на островот Фрејзер во државата Квинсленд во Австралија, објави АП.
Нападот се случил денеска околу 14 часот по локално време.
Иако брзата помош пристигнала со хеликоптер, повредениот млад човек, кој имал тешка траума на нозете, не бил спасен и починал на лице место.
Фаталниот напад на големата бела ајкула се случил на скоро истото место каде во април беше убиен ренџерот Закари Роб, исто така во напад на голема бела ајкула.
Само годинава, најмалку четири лица во австралиските води ги загубиле животите во нападите на овие океански предатори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.