Двете семејства, чии членови загинаа во хеликоптерска несреќа во која животот го загуби и познатиот американски кошаркар Коби Брајант, ќе добијат отштета од 2,5 милиони за незаконско споделување фотографии од местото на несреќата, пишува АП.

Договорот за обештетување, објавен во вторник, на 2 ноември, не важи за вдовицата на кошаркарската ѕвезда, која поднесе тужба поради неовластено споделување фотографии.

Коби, неговата ќерка Џана (13) и уште 7 лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, западно од Лос Анџелес.

Единствените луѓе кои имаа право да го фотографираат местото на несреќата беа истражителите од Агенцијата за безбедност на транспортот (НТСБ) и форензичарите. Меѓутоа, полицијата и пожарникарите од округот Лос Анџелес ги снимиле сцените од несреќата, како и жртвите со своите мобилни телефони, а потоа ги споделиле со други луѓе.

Поради тоа изби скандал, а семејствата на жртвите поднесоа тужба против локалните власти за незаконско споделување фотографии. Адвокатите кои го застапуваат округот Лос Анџелес во извештајот препорачале да се постигне договор со семејствата, за да се избегне продолжување на тужбата која и онака била „тешка“ со 1,3 милиони долари.

Метју Маузер, која е сопруга на една од жртвите во страшната несреќа, треба да добие отштета од 1,25 милиони долари, како и Џеј Џеј и Алексис Алтобели кои во несреќата ги загубија родителите и сестрата.

Судското рочиште иницирано од вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, е закажано за февруари 2022 година.

Градските адвокати решија да „возвратат“, па побараа психијатриско испитување на Ванеса Брајант.

Тие сакаат да докажат дека Ванеса страдала од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради протечените фотографии. Округот Лос Анџелес бара судски налог да ги објави медицинските досиеја како дел од својата одбрана. Тие наведуваат и дека Ванеса Брајант не може да настрада поради фотографиите од местото на несреќата кои никогаш не ги виделе, ниту пак некаде се објавени во јавноста.

Адвокатите на Ванеса Брајант се разочарани од ова барање и наведуваат дека тоа ќе ја принуди вдовицата на Коби да се сеќава на се што се случило и дека дополнително ќе ја повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.