Роденденска забава за мачка резултираше со 15 заболени од ковид-19 во малиот град Санто Доминго на брегот на Чиле. Како што пренесуваат локалните медиуми, регионалниот секретар од Министерството за здравство, Франциско Алварез изјавиле дека заразени биле петмината домаќини и десет гости.
Кога слушнав дека станува збор за роденден на мачка, мислев дека е шега, дека се обидуваат да прикријат нешто друго, но навистина станувало збор за таква забава. Организаторот на забавата всушност беше пациентот нула, а од него се зарази неговото семејство и гостите, рекол Алварез за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.