Договорен брака на Филипините, во кој 13-годишно девојче било присилено да се венча за 48-годишен маж го привлече вниманието на целиот свет со „одвратна“ свадбена церемонија.
Венчавката се случила минатиот месец во градот Мамасапано, а фотографиите од присилената церемонија се вознемирувачки и предизвикуваат гнев и негативни коментари кај луѓето од целиот свет кои се згрозени од овој чин.
Девојчето е петта сопруга на Абдулрзак Ампатуан, а венчавката била направена по сите исламски обичаи.
Среќен сум што ја пронајдов и што ги минувам деновите со неа. Заедно се грижиме за моите деца. Планирам да имаме деца штом таа наполни 20 години – изјавил Ампатуан.
Тој додава дека ќе ја прати на училиште за да биде подобро подготвена да стане мајка, кога ќе ѝ дојде време за тоа.
Во некои делови на Филипините, осебено во регионот Минданао, малолетните девојчиња смеат да се мажат штом ќе добијат менструација.
Податоците од УНИЦЕФ покажуваат дека во оваа држава до сега имало 726.000 малолетни девојчиња за невести, со што Филипините се наоѓаат на 12. место во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.