Основачот на „компанијата за маркетинг“ и за „лично и професионално усовршување“, Нексием (NXIVM), која е опишана како „култ“, е осуден на 120 години затвор поради сексуално злоставување на некои свои следбенички, кои буквално биле жигосани со неговите иницијали.
Судот во Бруклин го осуди Кит Раниер, „гуру за лично усовршување“, меѓу чии следбеници се наоѓале и милионери и холивудски глумици, на необично висока казна, врз основа на минатогодишната осудителна пресуда.
Судијата Николас Гарауфис го нарече Раниер „суров и немилосрден“ кој извршил „досега невидени“ злосторства врз девојчиња и жени.
Обвинителите барале доживотна казна затвор, додека одбраната сметала дека 15 години е адекватна казна.
Учесниците во програмата „Нексием“, која почнала во 1998 година, плаќале илјадници долари за „курсевите за личен развој“, кои биле наменети само за оние со специјални покани.
Седиштето на тајниот „култ“ се наоѓало во близина на градот Олбени, во сојузната држава Њујорк, а ограноци имало и во Мексико и Канада.
Меѓу следбениците имало милионери и холивудски глумици, кои биле подготвени на понижувањата и потчинувањата како дел од „часовите“ на Раниер.
Раниер е осуден за рекетирање, криумчарење странски државјани, трговија со луѓе, изнуда и опструкција на правдата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.