Дали сте опкружени со луѓе кои ја уриваат вашата самодоверба, ги издаваат вашите тајни и шират негативна енергија? Факт е дека не можеме да живееме во целосна изолација, човекот е социјално суштество кое сака друштво. На луѓето им е потребна емпатија, сочувство и позитивен поттик, затоа треба да се опкружите со луѓе на кои навистина им значите.

Одвоивме 10 типа токсични луѓе кои треба да ги избегнувате.

1. Луѓе кои ви го трошат времето

Тоа можат да бидат членови од семејството или пријатели кои премногу ви одземаат време. Постојано повторуваат работи за себе и тука нема место за вашите проблеми. Пријателството треба да биде давање-земање, а не еднострано.

Штом утврдите дека не можат да ви возврат со љубезна поддршка или не сакаат помош, едноставно ослободете се од нив. Ако станува збор за членови од семејството нив малку потешко ќе ги избегнувате, но можете да измислите некој изговор.

2. Луѓе кои премногу често ве критикуваат

Нема ништо лошо во искрени и фер повратни информации, но ако сте опкружени со луѓе кои постојано критикуваат време е да преземете акција.

3. Луѓе кои постојано изигруваат жртва

Овие луѓе се експерти вината да ја насочат кон друг. Никогаш не ги признаваат своите грешки. Секогаш се тие жртвите и тоа не по нивна вина. За тоа се виновни нивните колеги или некој друг бидејќи не ги послушале. Ваквите луѓе треба да ги избегнувате бидејќи наскоро ќе почнат и вас да ве обвинуваат.

4. Негативно размислување

Овие луѓе шират наоколу негативност, секогаш се нервозни, загрижени, песимисти, депресивни и постојано се жалат. Ако сакате да живеете подолго избегнувајте вакви луѓе. Позитивниот поглед на светот може да ви го продолжи животот и до 7 години.

5. Луѓе со тежок карактер

Овие луѓе со нивните испади постојано ја цицаат енергијата на другите луѓе и одржувањето самоконтрола за нив е голем проблем. Тоа се луѓе со краток фитил и се психолошки неразвиени. Нивната емоционална интелигенција лебди околу нулата.

6. Луѓе кои не сочувствуваат

Овие луѓе не се способни да ги разберат вашите проблеми и да ве посоветуваат кога тоа ви е потребно. Тие имаат проблеми со личноста и нарцистички тенденции. Немаат способност да се стават во кожата на другиот. Токму затоа не ви се потребни.

7. Лажговци и неискрени луѓе

Некои луѓе ќе се заколнат во тајност кога ќе им кажете нешто доверливо. Но, кога ќе откриете дека ве издале, можеби ќе бидете бесни и ќе одлучите да го прекинете пријателството. Но, нечесните луѓе можат да ви наштетат и на други начини. Можат да ве лажат за нивни долгови или ако имаат проблеми на работа. Во секое пријателство највредни елементи се довербата, вистината, искреноста. Не ви се потребни луѓе кои се неискрени и лажат.

8. Манипулатори и искористувачи

Постојат луѓе кои сакаат да ве искористат за да ги запознаете со некоја важна личност која ја познавате, да им средите интервју за работа или состанок. Ќе направат сè за да ја добијат работата и ќе зборуваат лошо за работата, за шефот, за платата. Така ќе обезбедат што помала конкуренција.

Манипулаторите знаат како да извлечат информација од вас или да ве наведат да откриете одредена слабост која потоа ќе ја искористат против вас

9. Луѓе кои намерно ве повредуваат

Овие луѓе низ забелешки и тактики можат лесно да ве повредат. Тоа можат да бидат вашите родители кои критикуваат како ги одгледувате децата, а ни самите не биле најдобри во тоа. Понекогаш луѓето изговараат грди забелешки или не ги исполнуваат ветувањата, не ја прават услугата што ја барате од нив или едноставно забораваат да ве поканат на некој значаен настан.

Тоа се болни тактики кои не треба да ги трпите. Луѓето кои вистински ве сакаат ќе покажат љубов, топлина и наклонетост кон вас.

10. Луѓе кои се извор на стрес

Истражувањата покажуваат дека изложеноста на стрес на долги патеки влијае на нашиот мозок и перформанси. Си имаме доволен стрес да си носиме, а не без потреба да се занимаваме со туѓите проблеми. Мора да се дистанцираме од луѓе кои ни предизвикуваат дополнителен стрес, за да преживееме.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.