ВМРО – ДПМНЕ Охрид со возење велосипеди го честита Денот на Охридското езеро. Со знамиња во раце и возење велосипеди по рекреативната патека од плоштад до хотелскиот комплек „Парк“ порачаа да се зачува Охридското езеро.
На промотивниот настан во Охрид , покрај кандидатите за пратеници Кирил Пецаков, Лидија Петкоска и Грација Бакраческа, присуствуваше и носителот на листата во 5-тата Изборна единица, Игор Дурловски.
Тој на неговиот фејсбук профил сподели видео во кое напиша:
Енергијата и силата на младите може да сменат се’…пристапот кон природата, пристапот кон нештата, напиша Дурловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.