Новата година ни е на праг, а новогодишните желби уште сега ги знаат децата од Одделот за онкологија и хематологија.
Да бидеме сите заедно дел од оваа прекрасна акција. Да ги насмееме лицата на овие дечиња, кои заслужуваат многу повеќе од еден новогодишен подарок.
-Традиционално акцијата се повторува и оваа година, и ве каниме сите заедно повторно да донесеме насмевки на оние на кои им се најмногу потребни, на дечињата на Одделот за онкологија и хематологија и во одделот за деца со аутизам кои посетуваат вежби на Клиниката за Детски Болести во Скопје, стои во апелот.
Можете да донирате играчки, здрава храна, додатоци за во исхраната, витамини или пак било што друго кое сметате дека им е неопходно на овие дечиња.
Биди и ти нечиј Дедо Мраз, затоа што празниците се за секого!
Играчките може да се оставаат во Art of Living Bio Shop, Ayurveda, Yoga & Meditation Centar секој работен ден од 17 до 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.