Ако терминот на породување ви е во текот на еден од најстудените месеци тогаш треба да ги знаете овие интересни факти поврзани со бебињата родени во јануари.

Ако ја започнувате новата година со новороденче сметајте дека сте меѓу оние посреќните. Според науката луѓето родени на почетокот на годината најчесто се успешни спортисти, доктори или славни личности.

Еве неколку интересни факти за бебињата што слават роденден во јануари:

1. Имаат добра природа

Резултатите од истражување открија дека зимските бебиња се со добра природа и помалку се раздразливи од врсниците родени во текот на летните месеци.

2. Често стануваат спортски ѕвезди

Според резултати од друга студија, во австралиската фудбалска лига дури една третина од играчите се родени во јануари.

3. Нивната идна професија може да биде медицината

Најмногу лекари од општа пракса се родени во првиот месец од годината, покажуваат други истражувања.

4. Би можеле да бидат славни личности

Студија објавена во Journal of Social Sciences вели дека најголем број славни личности во хороскоп се Водолија, тоа значи дека се родени кон крајот на јануари или поточно меѓу 20 јануари и 18 февруари.

5. Во хороскоп ќе бидат Јарец или Водолија

Ако верувате во хороскопски знаци и имате малку познавање за нив, јасно ви е дека бебињата родени во јануари ќе бидат Јарец или Водолија во хороскоп. За луѓето родени во знакот на Јарец се вели дека се романтични и практични, додека бебињата родени подоцна во февруари се луѓе кои сакаат да им помагаат на другите.

6. Добро организирани се и на време завршуваат со обврски

Во детството обично се доста позрели за нивната возраст. Практични се и амбициозни, кога ќе пораснат ќе забележите дека се многу добро организирани и на време ги завршуваат обврските.

Имаат поголема смисла за хумор од другите, храбри се и позрели во младоста, додека во староста подетинуваат. Кога им е досадно прават лудории.

Славни личности родени во јануари: Дејвид Боуви, Опра Винфри, Кејт Мидлтон, Кејт Мос, Ирина Шајк, Дејвид Боуви, Николас Кејџ, Мартин Лутер Кинг и други.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.