ОВЕН
Кратко патување би можело да ви донесе некои позитивни промени и нови шанси на деловно поле. Ова е поволен период за емоции. Ако сте слободни, сега лесно можете да остварите ново познанство. Проблеми со грлото.
БИК
Може да се надевате на зголемување на заработката. Ве очекува многу поволен период во кој сѐ ќе оди во подобра насока. Стабилизацијата на љубовно поле полека доаѓа. Наскоро ќе уживате покрај партнерот. Здравјето е сосема во ред.
БЛИЗНАЦИ
Можеби ќе донесете некои важни одлуки на работното место. Многу соработници нема да бидат воодушевени со вашиот став. Не сакате повеќе да го толерирате однесувањето на партнерот. Потребен ви е повеќе сон.
РАК
Збунети сте и разочарани бидејќи околностите на деловно поле не одат во посакуваниот правец. Време е да се свртите кон можните промени. Флертувате и подготвени сте за нова врска. Привлекувате внимание. Добро би ви дошла медитација.
ЛАВ
Не можете премногу да влијаете врз соработниците. Затоа најважно е да се држите до својата работа и обврски. Сериозна криза настапува во вашиот брак и ви се чини дека сѐ поблиску сте до прекинување на љубовниот однос. Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Може да очекувате важни случувања на деловно поле. Пред вас е период во кој ќе имате интересни пресврти. Ситуацијата со саканата личност не е онаква каква што мислевте дека ќе биде. Помали проблеми со забите.
ВАГА
Пред вас е фаза во која ќе бидете задоволни со ситуацијата на работа. Наскоро ќе можете да започнете нови соработки. Подготвени сте да ги покажете емоциите кон симпатијата. Бавете се со спорт!
ШКОРПИЈА
Ве очекуваат помали осцилации, кога станува збор за заработката. Пред вас е период во кој ќе имате проблеми. Ако сте слободни, може да се случи флерт со зафатена личност. Внимавајте на крвотокот.
СТРЕЛЕЦ
Може да се надевате на нова деловна понуда која може да ви обезбеди значителен напредок во иднина. Моментално имате помали конфликти со партнерот и не ви е лесно да ги разрешите. Подложни сте на настинки.
ЈАРЕЦ
Може да очекувате компликации на деловно поле. Важно е да бидете подготвени да прифатите одредени ограничувања. Не сте сигурни дали сакате почеток на нова врска. Околностите ве оптеретуваат. Проверете го нивото на шеќер во крвта.
ВОДОЛИЈА
Поволен ден за решавање на проблемите од минатото. Ако постојат некои компликации од претходно сега е време да ги решите. Моментално сте во кризна фаза со саканата личност и ви се чини дека доаѓа крајот. Внимавајте на нозете.
РИБИ
Може да очекувате стабилност на деловно поле. Поволен ден, не ве очекуваат никакви стресови. Тешко ги покажувате емоциите кон личноста која ви се допаѓа поради стравот од одбивање. Водете сметка за бубрезите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.