Ретроградниот Меркур прави хаос во Зодијакот, а тоа особено ќе го почувствуваат следните 4 хороскопски знаци и тоа – во месец февруари:
1. Овен
Иако во првата половина од месецот можеби ќе се чувствувате друштвено и екстровертно, во втората половина од месецот работите ќе се смират и ќе станете свесни за вашите чувства. Кога ќе започне сезоната на Рибите, ќе се активира вашата потсвест и сите скриени емоции кои што никогаш не ја гледаат светлината на денот. Дајте му на своето срце можност конечно да го почувствува тоа што го носите во себе.
2. Рак
Овој месец за вашиот знак значи трансформација. Треба да го заборавите минатото за да направите место за иднината и да ги прифатите некои од работите – дека истите не можат да траат засекогаш. Имате склоност да мислите романтичарски за минатото, па зошто истото не го направите и со иднината? Светот е полн со можности и до крајот на месецот ќе видите колку всушност ги има.
3. Девица
Меркур кој што владее со Девиците е ретрограден, а тоа значи дека ќе бидете заљубени и неорганизирани повеќе од кога и да е. Ќе имате чувство дека ништо не правите како што треба, а хаосот во вашата глава сето тоа уште повеќе ќе го отежни. Но, немојте да очајувате, сето тоа ќе биде само привремено.
4. Шкорпија
Вашите односи со луѓето во последно време се под голем притисок. Можеби се расправате со партнерот, лути сте на најдобриот пријател или пак сте подготвени на кавга кога некој од колегите на работа ќе ве праша нешто. Во овој месец треба повторно да ја процените динамиката на вашите односи и да се запрашате дали може да бидете подобар партнер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.