Во петок на 16 јули имаме само еден доминантен аспект – Месечинта во Вага креира тригон со Сатурн во Водолија. Ова е собоено поволна положба на планетите за развој на нашата кариера. Ќе бидеме одговорни, организирани и подготвени за нови проекти. Ќе се насочиме на нашите цели фокусирано, а ќе имаме и повеќе самодоверба од вообичаено.

Саботата на 17 јули ќе биде интересна кога станува збор за астролошкото влијание. Месечината во Вага е во секстил со Марс во Лав и во утринските часови и ни носи храброст, волја, снаодливост и силна енергија да одиме напред. Ако во сабота морате да завршите нешто, тогаш тоа направете го наутро. Фокусирајте се на тоа во комуникацијата исклучиво да се служите во вистината  да се трудите да изградите хармонични односи со другите околу вас.

Сабота можеби почнува одлично, но носи проблеми. Месечината е во својата полуфаза, а и создава квадрат во Плутон со Јарец и пред нас се предизвици во односите со блиските луѓе. Можно е да се соочиме со чувство на внатрешно незадоволство и пасивност, а нашите инстинкти да не бидат толку силни.

Недела е турбулентен ден во кој се мешаат енергиите и емоциите. Тригонот на Месечината и Меркур прави нашата интелигенција да дојде до израз, а ќе бидеме отворени и за нови работи. Но, поради опозицијата на Месечината и Уран можеме да бидеме уплашени, ограничени, ексцентрични и своеглави. Ова е период кој е посебно предизвикувачки за љубовта бидејќи доаѓа до интензивни емоции и лоша комуникација, па треба да сме внимателни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.