Првото помрачување на Месечината од вкупно шест што ќе се случат во 2020 година, ќе биде утре, 10 јануари, со почеток во 18:08 часот и крај во 22:12 часот.
Помрачувањето ќе има големо влијание на сите хороскопски знаци. Астролозите препорачуваат да не донесувате нагли одлуки, без претходни размислувања.
Овен
Кај вас, ова помрачување се случува во четвртата куќа која е задолжена за семејството, куќата, емоциите и родителите. Ќе дојдат многу промени, а ве очекуваат и големи грижи и фрустрации. Бидете внимателни при одлуките.
Бик
Кај вас, ова помрачување се случува во третото поле на кратки патувања, роднини и сообраќај па чувствата ќе бидат посилни во тие аспекти. Постои можност да решите одредени проблеми врзани со документација, конфликти со роднини, или пак тврдоглаво да се држите до некој свој став кој знаете дека не е исправен.
Близнаци
Кај Близнаците ова помрачување настанува во полето на финансии и имот, па многумина би можеле да бидат насочени во тој дол. Ако имате намера нешто да купувате или продавате, не попуштајте пред притисоците.
Рак
Кај вас, ова се случува во првото поле што може да влијае директно на вашиот емоционален склоп и физичко тело. Можно е да сте многу незадоволни со својот живот или да имате проблем со родителите. Одредени Ракови имаат чувство дека никој не ги сака. Не се грижете, тоа ќе помине брзо.
Лав
Кај Лавовите, ова помрачување доаѓа во дванаесетата куќа која е поврзана со психата, странство, скриените емоции и тајни. Би било добро ништо да не преземате и да се опуштите, да одите на масажа. Одредени Лавови би можеле да се заљубат.
Девица
Кај вас, ова помрачување доаѓа во единаесетото поле што е врзано со дружења, клубови, надежи, очекувања. Сите случувања ќе бидат поврзани со ова, можен е и хаос во комуникацијата, бидете внимателни.
Вага
Кај вас, помрачувањето доаѓа во полето на авторитетите, кариерата и родителите, па тука би можеле да настанат промени. Одредени Ваги ќе напредуваат во кариерата, додека пак други ќе имаат конфликти со родителите или шефовите. Никако не се препорачува да реагирате брзо и импулсивно.
Скорпија
Кај вас, ова помрачување доаѓа во деветото поле задолжено за духовност, филозофија, факултети, странство и патувања. Ова помрачување нема да влијае силно на вас, само може одредени Шкорпии да ја отворат својата душа и емоции. Внимавајте кому се доверувате.
Стрелец
Кај вас, ова се случува во полето на трансформации и финансии па добро внимавајте каде вложувате пари. Никаде не брзајте со одлуките, бидејќи имате многу планети во вашето поле на финансии во Јарец, што воопшто нема да се покаже како лесно овој период.
Јарец
Кај Јарците, помрачувањето доаѓа во седмото поле на партнери, како професионални така и емоционални. Ако испадне некое недоразбирање, пробајте да не ги прекинувате односите, туку да се повлечете и смирите. Одредени личности од старт ќе се дистанцираат.
Водолија
Ова помрачување кај Водолиите доаѓа во шестото поле на работа, секојдневен живот и здравје, па тука треба да внимавате на овие аспекти. Нервите ќе ви бидат многу тенки, па ништо не решавајте во оваа состојба.
Риби
Помрачувањето за Рибите доаѓа во петтото поле на љубов, деца, спорт и планови. Сите работи што ќе се случуваат, ќе ги доживувате многу емотивно па не треба да анализирате премногу. Реално согледајте ги своите чувства и соочете се со ситуациите храбро.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.