Ѕвездените аспекти за престојниот период наложуваат потешкотии на љубовен план, кои, ако не се вложува во врската, може да доведат и до дефинитивно разидување со саканата личност.

Периодов, помалку поволни аспекти во полето на љубовта, ќе имаат овие три хороскопски знаци:

Овен

Тврдоглави сте и не правите компромис, дури и тогаш кога длабоко во себе знаете дека грешите. Тоа, периодов може скапо да ве чини. Ќе имате тенденција да притајувате работи од саканата личност, а тоа ќе разбуди сомнеж кој може да доведе до прекин на врската, посебно ако сте тазе во врска.

Среќна околност е што ова може да го избегнете доколку преовлада разумот.

Девица

Потчинети сте на партнерот, ги прифаќате дури и неговите најлуди каприци и ветувате повеќе од тоа што можете да исполните. Тоа деновиве ќе ви се одбие од глава, бидејќи ја навикнавте саканата личност да биде себична и да мисли само на себе, без да ги земе предвид вашите потреби.

Само со разговор во четири очи ќе можете да ги усогласите вашите и потребите на на партнерот и нема да бидете сфатени „здраво за готово“.

Јарец

Подготвени сте за продлабочување на врската, но деновиве ќе ви се чини дека саканата личност не е на иста бранова должина со вас. Советот до вас е да не ги форсирате нештата, водени од импулсот да ги исполните вашите емотивни желби, бидејќи така ќе го постигнете токму спротивниот ефект.

Не, тоа не значи дека треба вечно да чекате другиот да се одлучи. Но, засега бидете трпеливи и внимателно следете ги сигналите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.