2019 година завршува со позитивност. Декември ќе помине без драматични небесни случувања и нови ретроградни движења, па ќе си дозволиме да се фокусираме на убавините на животот.
Јупитер, планетата на среќата и богатството, ќе ни ја зголемува амбициозноста, но и трудољубивоста, па ќе успеваме да зграпчуваме солидни можности за поголема заработка.
Романтичната Венера ќе нè направи посмели и поспонтани во љубовта, што значи дека возбуда нема да ни недостига.
На 26 декември ќе настапи млада месечина, а ќе има и соларна еклипса наречена „огнен прстен“, кој настанува кога Месечината нецелосно го покрива Сонцето и се видливи само зраци во форма на прстен. На овој ден ќе бидат разоткриени тајни и романтични обожаватели, ќе се родат нови врски и бизнис партнерства. Очекувајте тоа да биде датум кој долго време ќе го паметите.
Декември е месец кој најмногу ќе ги радува Стрелците и Јарците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.