Стрелец 23.11.-21.12.
Работа: Позитивната атмосфера на работа ќе ви ја олесни ситуацијата, па повеќе ќе сакате да ги вршите задачите.
Љубов: Многу поволен ден за нова љубов. Ве очекува шанса да ја освоите симпатијата.
Здравје: Хормонални промени.
Јарец 22.12.-20.1.
Работа: Влеговте во нова работа во која би можеле да остварите поголем напредок и успех во иднината која е пред вас.
Љубов: Ново познанство ве очекува многу наскоро. Пред вас е поволен период за промени.
Здравје: Чувствителна бешика.
Водолија 21.1.-19.2.
Работа: Ве очекува прекин на договорот, иако такво нешто ниту сте сакале, ниту сте очекувале.
Љубов: Можно е да сте решиле со саканата личност некои работи сега јасно да ги дефинирате. Не трпите повеќе неизвесност.
Здравје: Водете сметка околу очите.
Риби 20.2.- 20.3.
Работа: Можна е промена кај вас во следниот период. Ве очекува турбулентна фаза на ова поле.
Љубов: Ве очекува период во кој ќе има поголема дистанца меѓу вас и саканата личност.
Здравје: Пад на имунитетот.
Овен 21.3-20.4.
Работa: Очекувајте дека успешно ќе ги решите проблемите кои ги имате на ова поле. Хороскопот добро ви е поставен.
Љубов: Лесно носите нова одлука на полето љубов, и подготвени сте за смирување со партнерот.
Здравје: Поволен период за опоравување.
Бик 21.4- 20.5.
Работа: Ви доаѓа прилика на полето финансии да остварите се што сте сакале. Пред вас е поволен период.
Љубов: Се потпирате на саканата личност во се. Важно е вашата врска да напредува во позитивна насока.
Здравје: Добро се чувствувате.
Близнаци 21.5.-21.6.
Работа: Очекувајте позитивни промени на работното поле денеска. Среќата ќе биде на ваша страна.
Љубов: Се трудите со личноста која ја сакате да направите убава атмосфера. Ако сте слободни, можно е ново познанство.
Здравје: Проблеми со главоболка.
Рак 22.6-22.7.
Работа: Можно е да не сте подготовени да се откажете од работата која не ви оди, и нема да се откажете додека постои макар и трошка надеж.
Љубов: Ви се допаѓа личност која ја познавате од порано. Можно е некој да стои меѓу вас.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.
Лав 23.7-22.8.
Работа: Бидете доволно отворени во комуникацијата со работните соработници за да избегнете несогласувања.
Љубов: Ќе имате шанса да запознаете личност која ќе покаже дека сака сериозна врска.
Здравје: Проверете го холестеролот.
Девица 23.8.-23.9.
Работа: Препорака е да водите сметка околу трошоците кои во претходниот период станале претерано големи кај вас.
Љубов: Не ви е лесно да дојдете до смирување со партнерот. Следниот период би можел да ви биде уште потежок.
Здравје: Намалете со алкохолот.
Вага 24.9.-23.10.
Работа: Пробајте да се занимавате со работи кои ви се важни за да ги остварите работните цели.
Љубов: Саканата личност покажа дека постојат некои работи поради кои ви замерува. Вашиот однос влегува во криза.
Здравје: Водете сметка околу кожата. Чувствителна ви е.
Скорпија 24.10-22.11.
Работа: Нетрпеливи сте и не ви е лесно да почекате момент за напредок, туку сакате нешто да се смени што побрзо.
Љубов: Не сте задоволни од односот со саканата личнсот и сакате некои работи да се променат.
Здравје: Пад на имунитетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.