Аспектот што носи бран на позитивна енергија, генерално поголема будност и подготвеност да се ослободиме од сè лошо што не зафати и да прифатиме позитивни промени, ќе биде на својот врв за време на полната месечина.
Розовата полна месечина ќе се појави на небото на 26 април во длабокиот и мистериозен знак на Шкорпија. Оваа месечинска енергија ни помага да ги набудуваме работите под површината и да ги испитаме вистините што се кријат. Тоа ни носи трансформација, а енергијата на Шкорпија ни помага да го расчистиме својот емотивен багаж, не охрабрува да оставиме простор за раст и да се соочиме со нашите чувства.
Полната месечина формира опозициски аспект со сонцето и секогаш се појавува во спротивниот хороскопски знак во однос на сонцето. Тензијата помеѓу овие две спротивставени планети е она што ги тресе и ги интензивира нашите чувства во овој период.
Астролозите нагласуваат дека ќе бидеме поемотивни, почувствителни и ранливи во овој период. Затоа е важно да внимавате на бурни реакции!
За разлика од младата месечина, која влијае на потребата да се биде сам, полната месечина е симбол на социјална интеракција, дружење и насочување на енергијата кон врските и меѓучовечките проблеми.
Покрај осветлувањето на небото, полната Месечина во Шкорпија ќе ги осветли и нашите умови. Подгответе се за бран нови идеи, можности и шанса да и верувате на вашата интуиција.
Нејзиниот дополнителен ефект на лекување, исто така, носи мотивација за напуштање на лошите навики. Полната месечина е симбол на крајот, крајот на нешто лошо и свртувањето на нова страница во животот. Многу токсични пријателства или врски сега ќе завршат.
Ова е моментот кога ширите љубов во себе и кон себе – започнувате живот што зрачи со посветла енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.