Плутон го започна своето ретроградно движење на 25 април и таков ќе остане до 24 октомври, 2020 година.

Плутон е најбавната планета во астрологијата, останува во еден знак во просек околу 20 години. Поради тоа е позната како генерациска планета која има силно влијание на општеството. Плутон носи промени на длабоко ниво, како во нашата потсвест, така и во светот.

За време на ретроградниот Плутон имаме можност да погледнеме под површината. Ова е можност да ја истражиме нашата сенка, да ги откриеме потиснатите прашања и да се соочиме со потсвесните стравови и желби.

За некои знаци соочувањето со вистината би можело да биде тешко, но некои знаци ќе доживеат вистинска магија.

Бик

Плутон создава позитивен аспект за сите Бикови, што им носи убава енергија и лесно движење. Ќе чувствувате дека сте на свое место, па дури и некои планови да се менуваат. Биковите ги мразат промените, но сега ќе ги доживеат на лесен начин. Можеби ќе почувствувате промени во начинот на размислување, дури и во образованието и плановите за патување.

Ќе почнете да го гледате светот со нови очи.

Девица

Девиците ќе почнат да уживаат во нови работи, поинаку ќе го минуваат своето слободно време. Плутон ќе донесе повеќе забава отколку тешки и болни ситуации. Тој ќе биде ретрограден во вашата куќа на децата, пријателите и љубовта, така што ќе чувствувате промени во оваа област.

Пријателите кои ќе ги стекнете во овој период ќе останат со вас во текот на целиот живот.

Шкорпија

Плутон е вашата владеачка планета, така што во голема мера ќе го доживете нејзиното ретроградно движење. Но, очекувајте позитивни промени!

Ако се случи голема промена во вашиот живот, тоа нема да биде болно, туку ќе влијае позитивно на вашиот живот. Можете да очекувате многу разговори и бројни средби со пријателите, колегите, познаниците. Сето тоа ќе има огромно влијание на вашиот живот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.