Овен 21.3-20.4.

Работа: Не сте сигурни дали сте на вистинскиот пат кога се работи за ова поле. Ве оптоваруваат доста проблеми.

Љубов: Саканата личност ќе покаже дека има искрени чувства кон вас и добри намери.

Здравје: Намелете со внесот на шеќери и мрсна храна.

 

Бик 21.4- 20.5.

Работа: Конечно, ќе успеете да ги остварите плановите на кои работите веќе долг временски период.

Љубов: Не ве очекуваат големи промени на полето емоции. Можно е да ви е потребно време за преиспитување.

Здравје: Воспаленија.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа: Свртете се кон правење на нови планови кога станув збор за работата. Ве очекува период кој може да ви донесе компликации.

Љубов: Ако сте слободни, ново познанство ви доаѓа брзо. Поволен ден за љубов.

Здравје: Полни сте со енергија.

 

Рак 22.6-22.7.

Работа: Нови работни случувања ве очекуваат наскоро. Поволен период за финансии.

Љубов: Сакате стабилност и подготвени сте на полето емоција да направите важни промени со партнерот.

Здравје: Проблеми со бешиката.

 

Лав 23.7-22.8.

Работа: Имате добра комуникација со надредените. Може да очекувате поддршка за своите планови.

Љубов: На љубовното поле не може да најдете личност која сосема ви одговара.

Здравје: Чувствителни ви се зглобовите.

 

Девица 23.8.-23.9.

Работа: Ве очекуваат промени на полето работа. Доста работи ве оптоваруваат и потребна ви е нечија помош.

Љубов: Можно е да немате доволно самодоверба. Потребно е време за да најдете сигурност во себе.

Здравје: Зголемен апетит.

 

Вага 24.9.-23.10.

Работа: Може да се надевате на позитивни пресврти кога е во прашање вашата работа денеска.

Љубов: Наскоро ве очекува ново познанство кое би можело да ве води до значајна љубовна врска.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

Скорпија 24.10-22.11.

Работа: Имате добри идеји кои ќе ви обезбедат сигурност на полето финансии и работа.

Љубов: Очекувајте шанса со саканата личност да испланирате важни промени.

Здравје: Проблеми со циркулацијата.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Работа: Нема да имате премногу обврски. Поволен ден да се посветите на своето хоби или другите активности покрај работата.

Љубов: Планирате брак со личноста која ќе покаже дека, сепак, не е подготвена за такво нешто.

Здравје: Добро.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Работа: Ве очекува прилика да ја покажете својата способност. Работата ви оди од рака и многу сте задоволни.

Љубов: Ако планирате да ја освоите личноста која ви се допаѓа, денешниот ден е поволен за такво нешто.

Здравје: Одлично.

 

Водолија 21.1.-19.2.

Работа: Судбината ве поддржува. Имате среќа на полето работа.

Љубов: Ако сте планирале да го покажете својот интерес кон симпатијата, поволен ден е денеска. Во бракот добро се сложувате со партнерот.

Здравје: Одлично.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Работа: Може да очекувате дека работните планови ќе ви се менуваат, но на некој начин ќе успеете да се снајдете.

Љубов: На полето работа ве очекува спојување со личноста која ја познавате од минатото.

Здравје: Водете сметка околку тежината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.