Ретроградниот Плутон ќе биде присутен до 10 јуни, а овој астро период речиси на сите ќе влијае негативно.

Плутон е планета која што ја контролира нашата потсвест и има моќно влијание на нас, особено на љубовните врски. Кога е во ретроградна положба, негативно влијае уште повеќе.

Ретроградниот Плутон сместен во Јарец почнува денес и ќе трае до 10 јуни, а тоа значи дека темната страна на вашите сексуални желби доаѓа до израз.

Оние кои што веќе се во љубовна врска ќе мора да бидат особено внимателни.

Во овој период никако не се препорачува ниту заљубување поради тоа што таа врска нема да има никаква иднина, а можно е и да заврши со агресија.

Плутон сега е во интеракција со Сатурн, а во овој период единствениот спас е да ја преземете одговорноста за своите постапки и да се тргнете од луѓето кои што не ви се блиски и со кои што немате добар однос.

Пред да преземете било каква акција, размислете и за тоа како живеете, дали вашата психичка состојба е во рамнотежа.

Секој од претставниците на зодијачката констелација во еден или пак друг степен, ќе почувствува влијание на џуџестата планета. Но, ќе има и такви кои што треба да бидат исклучително внимателни.

Овие негативни аспекти најмногу ќе ги погодат следните три хороскопски знаци:

1. Близнаци – во текот на ретроградниот Плутон мора да ги избегнуваат сите тешки ситуации и да не ја ризикуваат кариерата. Дури и доколку им изгледа дека целта ги оправдува средствата.

2. Рак – претставниците на овој знак ќе бидат еден вид магнет за несреќи. Доколку е можно избегнувајте да возите макар до 10 јуни.

3. Вага – ретроградниот Плутон ќе биде особено опасен за овој хороскопски знак. Вагите мора да научат да кажат „не“, во спротивно ќе се јават проблеми. Ослободете се од отровните луѓе задолжително!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.