Некои жени мора да вложат големи напори за да го најдат вистинскиот, а додека тоа да се случи ќе налетуваат повторно и повторно на некој кој не ги заслужува.
Ако веќе се препознавте во овој опис, тогаш веројатно припаѓате на некој од овие хороскопски знаци:
ОВЕН
Дрски сте и самоуверени. Убедени сте дека можете да имате сè што ќе посакате и дека можете да ги придобиете сите. Лесно паѓате на слаткоречивост и на комплименти, иако длабоко во себе знаете дека за љубов треба многу повеќе од тоа.
СКОРПИЈА
Тврдоглави сте, па кога некој ви се допаѓа, но не ви возвраќа на истиот начин, наместо да се повлечете, се однесувате како опседнати. Се обидувате да ја придобиете личноста по секоја цена, но тоа најчесто резултира со повлекување, па дури и страв кај нив.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците се авантуристи кои сакаат да откриваат нови нешта, хоризонти и перспективи. Затоа и мислат дека секоја личност на светот може да биде освоена, па дури и онаа, најнедостижната. Токму во такви ситуации и најмногу страдаат.
РИБИ
Рибите се мудри, креативни и смирени, но многу често се исклучуваат од реалноста и нештата ги гледаат само од светлата страна. Упорно бараат нов партнер, па често се вљубуваат во личност која не покажува никаков интерес за нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.