Ова е период кога треба да се соочиме со личните демони, сенки од минатото и да донесеме големи одлуки. Ова е прво помрачување на Месечината во 2021 година, кое е познато и како лунарна еклипса. Тоа ни доаѓа на 26 мај. Ова е одлично време за одмор, опоравување и оддалечување од другите луѓе, едноставно време за чистење на непотребните нешта во нашиот живот.
Во Стрелец, оваа еклипса ни носи порака дека важно е да го смениме начинот на кој пристапуваме на одредени луѓе и работи во животот, особено кога не добиваме никакви резултати.
Овен
На 26 мај, целосното помрачување бара од вас да ги исчистите оние делови кои ве уморуваат и успоруваат и да го разбудите детето во себе. Како и нашето тело, така и нашиот ум старее со текот на времето, но тоа се должи многу и на некои лоши навики од кои тешко се откажуваме. Ако изминатиот период планиравте некои цели за иднината, ова е одличен миг да се насочите на тоа. Доколку чувствувате немир или несоница, најдете начин како да заспиете подобро и да се одморите во текот на ноќта.
Како што Меркур ќе го започнува своето ретроградно движење на 26 мај, од вас ќе побара да го смените начинот како комуницирате и да бидете подиректни. Ако неодамна сте добиле некаква критика или фидбек од другите, земете го тоа предвид.
Бик
Лунарната еклипса на 26 мај носи црвено светло на вашите споделени ресурси, размени и начини на соработка. Обрнете внимание на тоа што сметате дека не е фер во вашиот живот и бидете подготвени за разочарување на одредени полиња, но тоа носи процес на лечење и обновување и отпочнување одново.
Можно е да бидете принудени да се навратите на некои настани од декември 2020. Што научивте досега од тоа како се поврзувате со другите луѓе и колку им давате од себе? Доколку нешто не ви одговара и не ви изгледа како да припаѓа во вашиот живот, сосема е во ред да речете “не фала”
Ретроградниот Меркур на 29 мај од вас бара да се фокусирате на финансиите, да разберете колку трошите и како трошите и каков е планот за следните месеци.
Близнаци
Оваа лунарна еклипса ве охрабрува да се фокусирате на односите со најблиските луѓе и да научите важна лекција од сето тоа. Кому давате доверба и време? Дали тие луѓе ви возвраќаат на ист начин? Што добивате од сето тоа?
Оваа еклипса е покана да се ослободите од еден ваш слој, да ги заборавите бесот и разочараноста, но и очекувањата од другите. Со ретроградното движење на Меркур кое започнува на 29 мај, ќе посакате да се ребрендирате себеси и да смените нешто кај себе – нова фризура, нов стил, нешто што е сосема поинакво.
Рак
Целосното помрачување на 26 мај ве потсетува дека помалку некогаш значи и повеќе. Наместо да се фокусирате на многу нешта и работи околу себе. Ова е моментот да направите пауза и да заборавите на потребата да ги исполнувате желбите на сите околу вас. Послушајте го телото и одморете кога тоа е можно и заборавете на хаосот во кој постојано сте заглавени бидејќи другите очекуваат нешто од вас. Оваа еклипса е моќна за вас и носи промени на ова поле.
Погледнете наназад на декември 2020 и запрашајте се како се развивате, што научивте оттогаш и што не ви носи веќе добра енергија. Што може да биде подобро?
Почетокот на ретроградното движење на Меркур на 29 мај од вас бара да се оддалечите од другите, да здивнете и да си ја повратите енергијата.
Лав
Оваа лунарна еклипса става фокус на вашите креативни проекти, капацитети и таленти. Време е да погледнете низ една поинаква перспектива и да се навратите на декември 2020. Кои од вашите креативни проекти ви носат успех, а кои се непотребни? Можеби ќе ви биде тешко да признаете дека нешто едноставно не функционира, но ослободете се од очекувањата дека сите работи мора да се совршени.
Ретроградниот Меркур на 29 мај ве насочува кон пријателствата и социјалните обврски кои ги имате кон другите.
Девица
Целосното помрачување е насочено кон јадрото на вашиот живот: домот, семејството и креирањето пријатна атмосфера во него. Каде живеете, со кого живеете, како живеете – сето тоа е важно а време на оваа лунарна еклипса.Време е да се приземјите и да најдете начин да избалансирате меѓу работата и домот.
Ретроградниот Меркур ве потсетува на тоа колку е важно како се претставувате пред светот, кому помагате и кои се вашите таленти.
Вага
Целосното помрачување во среда бара од вас да ја сочувате својата енергија и да не трошите премногу време на теми поврзани со работата. Оваа Месечина има огромна моќ да ви донесе можности, но мора да се флексибилни.
Од друга страна пак, ретроградниот Меркур бара од вас да го проверите сопствениот компас. Каде сте насочени? Кои се вашите цели и соништа и што правите за да ги исполните? Дали повеќе работите за себеси или другите?
Можеби звучи драматично, но оваа комбинација бара од вас да го следите својот сопствен пат и да не се изгубите себеси низ процесот.
Шкорпија
Како космичко чистење, оваа лунарна еклипса од вас бара да ги намалите трошоци и да обрнете внимание на вашата сметка. Главниот фокус ќе биде на материјалните поседувања, прогресот и потенцијалот на ова поле, но од вас се бара да се преструктурирате и да почнете посериозно да се занимавате со своите финансии. Што започнавте во декември 2020 и каде стигнавте досега?
Ретроградниот Меркур пак бара да се оттргнете од луѓето на кои мислите дека им должите нешто но кои ви носат само лоша енергија. Не дозволувајте да зависите од другите, но и тие од вас.
Стрелец
Целосната лунарна еклипса која се случува на 26 мај е период кога треба да го славите обновувањето и прогресот кој го направивте од декември 2020. Со оглед на тоа дека таа се случува во вашиот знак, пробајте да обрнете внимание на грижата на себеси и сето она што ве прави среќни. Не одете на погрешни места, не минувајте време со погрешни луѓе, тоа не ви е потребно сега.
Ретроградниот Меркур ќе ве натера да се запрашате кого сакате и како сакате.
Јарец
Оваа лунарна еклипса од вас бара да најдете време за себе, да си заминете од работа порано и да ги намалите обврските. Време е да се смирите и да ги наполните батериите. Тоа ни е потребно на сите, но вие драги Јарци често заборавате на овој дел.
Оваа полна Месечина става фокус на оние работи кои ги занемарувате, а на кои им е потребно внимание. Постојат многу потиснати емоции кои не ви дозволуваат да продолжите напред, а со кои моате да се соочите.
Водолија
Оваа лунарна еклипса од Водолиите бара да го исчистат својот календар и да ги откажат средбите со луѓето кои не им носат ништо добро, барем засега. Не велиме дека треба да се оддалечите од сите околу вас, но најдете време за себе и за своите најдраги луѓе, овие денови.
Ако сте во врска или во процес на стапување во врска, имајте на ум дека сето тоа треба труд и дека сето тоа е процес на кој морате да поработите.
Ретроградниот Меркур на 29 мај од вас бара да се фокусирате на креативните проекти и да најдете време да ја насочите својата инспирација кон нешто суштинско.
Риби
Лунарната еклипса за вас става фокус на вашето поле на кариера и јавен живот. Не ви е потребна помпа, туку време за себе и релаксација. Ова подразбира и навраќање на прогресот кој го имате направено од декември 2020, но и напорите кои ги вложивте а често не ги земате предвид.
Ретроградниот Меркур на 29 мај ве навраќа кон некои аспекти од минатото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.