Полната Месечина навлегува во Бик што ни носи емоционално напнат период исполнет со предизвици.

Ова е период кој носи турбуленции, бидејќи и со полната Месечина започнува последната сезона на помрачување оваа година. Во астрологијата, ваквиот транзит е како масло на огнот, а со оглед на тоа дека Бикот е фиксен знак, замислете ги сударот на енергиите и вибрациите.

Секое помрачување на Месечината носи големи промени, но тие највеќе ќе бидат почувствувани од четири хороскопски знаци.

Бик

Како фиксен знак вие не сакате големи промени кои ве вадат надвор од зоната каде се чувствувате најпријатно. Но, Биковите треба да очекуваат нивните најголеми предизвици и стравови да бидат истакнати за време на оваа полна Месечина. Сепак, до израз ќе дојдат и вашите успеси. Размислете за сликата која ја оставате со говорот на своето тело, за она што го сочинува вашиот идентитет, како и новите перспективи кои се отвораат.

Лав

Ова помрачување се одразува на вашиот јавен живот, правејќи ве особено ранливи и изложени пред другите. Тоа може да ви донесе зголемен притисок на работното место, но и во приватниот живот па ќе мислите дека треба да се однесувате на еден начин. Но, пробајте да не се изморите со тоа. Искористете го ваквото време за да нурнете во себе, да го откриете најдоброто во себе и помалку да се потпирате на другите.

Шкорпија

Вашите односи со другите ќе бидат во центарот на вниманието за време на овој транзит. Важно е длабоко да размислите за тоа и директно да се соочите со она што можеби е лошо за вас или ве повредува. Од друга страна пак, игнорирањето може да ви донесе само проблеми. Искористете го овој период за да се отворите кон себеси и другите и дајте си ја поддршката која ви е важна овој период.

Водолија

Овој транзит носи зголемена чувствителност за родените во овој знак. Можно е да откриете некои работи од минатото, со оглед на тоа дека полната Месечина се вселува во вашиот дом, приватен живот и ве поттикнува да најдете место каде се чувствувате сигурно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.