Ретроградната Венера ни носи големи предизвици и големи илузии во љубовта. Таа е планета на љубовта, односите, но и парите, а ќе се движи ретроградно до 22 јуни, а потоа повторно од 25 до 29 јули.
Зависно од тоа низ што минувате, овој аспект може да разбуди чувство на вина, стравови, потпаѓање во илузии, создавање лажна слика во својот ум, но и одење назад во минатото, на места кои не се добри за нас.
Недоверба во себе – бараме спас од емоционалното незадоволство и тоа го бараме во други луѓе, наместо во себе
Копнеж по недостижното – ја сакаме личноста која ни е недостижна
Криење – ги криеме слабостите и мааните, ги туркаме под тепих и се трудиме да претставиме добра слика пред другите
Тајни – постои нешто под површината кое и самите не можеме да го видиме
Улога на жртва – можно е да не ја гледаме одговорноста во себе и да се трудиме другите да ги претставиме како виновни, а сето тоа е несвесно
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.